Околу 30 трговски центри и 35 медицински установи во Санкт Петербург примиле анонимни закани за подметнати бомби, за Тасс изјави извор од Итната служба.

Друг извор за Тасс кажа дека во тек е евакуација во трговските центри Академически и Земчузнаја Плаза.

Очевидци пријавуваат на социјалните мрежи дека е во тек и евакуација во трговскиот центар Мега-Дибенко и други трговски центри.

Заедничката прес служба на судовите во Санкт Петербург претходно информира за евакуација на судовите, откако примиле анонимни писма за закани со подметнати бомби.

Неколку судови веќе продолжија со работа, а ниту една закана со бомба не е потврдена.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.