Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова се закани дека ќе се одмаздат за убиените руски војници.

Таа бара меѓународните организации да го осудат злосторот и да поведат истрага.  Захарова вели дека вмешаните ќе бидат идентификувани и дека нема да ја избегнат одмаздата.  Таа вели дека Западот ги игнорира овие злосторства на Киев, со што САД и Европа се соучесници.

На 18 ноември, на интернет е објавено видео, на кое, наводно, украински војници убиваат руски затвореници. Снимките најпрво се појавија на украинските Телеграмски канали, а потоа ги објави руската провоена јавност.

 

Автентичноста на видеата од независни извори не е потврдена. Нејасно е и кога се направени. Украинскиот опозициски блогер Анатолиј Шариј, говорејќи од проруска позиција, тврди дека тој објавил еден од записите во неговиот затворен канал „пред неколку дена“. На едно од видеата, група воени лица, веројатно во униформа на руските вооружени сили, е заробена во дворот на станбена зграда, потоа се појавува човек со оружје, се слушаат истрели, а видеото нагло се прекинува.

Украина не го коментираше случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.