Српскиот министер за економија Раде Баста требаше да се изјасни против притисокот на САД врз неговата земја, а не за санкции против Русија.

Ова мислење во својот Телеграм канал го изрази официјалната претставничка на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, Марија Захарова, пренесе рускиот портал Regnum.ru.

Министерот за економија Баста, да потсетиме, во објава на Инстаграм побара министрите од Владата на Србија да се изјаснат за воведување санкции против Русија, бидејќи претседателот на Србија, Александар Вучиќ, поради тоа е под голем притисок.

Захарова го нарече ставот на Баста „чуден“ и потсети дека Русија отсекогаш ги почитувала Србија и нејзиниот народ. Претставничката на руското МНР изрази и уверување дека по воведувањето на санкциите, притисокот на Вашингтон врз Белград „нема да заврши, туку само ќе се зголеми“.

„Некој чуден став: Америка врши притисок врз Србија, а српскиот министер повикува на акција против Русија. Можеби е подобро српскиот министер остро да се изјасни против притисокот врз неговата земја?“, напиша Марија Захарова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.