Уште едно лицe загина во силното невреме што ја зафати источна Шпанија, со што бројот на загинати се зголеми на три лица, јавуваат шпанските медиуми.

Новата жртва е најдена заглавена во автомобил во поплавен тунел во Алмерија. Шпанските медиуми објавија дека полицијата успеала да спаси две лица од автомобилот.

Иако не беше наложено да се изврши евакуација од тој град, воздушниот и патниот сообраќај беа прекинати.

Првично беше јавено дека 51-годишна жена и нејзиниот 61-годишен маж се пронајдени мртви под автомобил кој се превртел сто километри јужно од Валенсија.

Како што пренесува „Гардијан“, повеќе од 200 војници и 100 воени возила се распоредени во погодените подрачја за да им помогнат на локалните власти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.