Шефот на египетската служба за управување со Суецкиот Канал соопшти дека силниот ветер не е главната причина за заглавувањето на товарниот брод „Евер гивен“ (Ever Given).

Во меѓувреме продолжуваат операциите за ослободување на бродот долг 400 метри, кој од вторникот го блокира бродскиот сообраќај на еден од најважните и најголеми морски премини во светот.

Силните налети на ветерот и метеоролошките фактори не се единствените главни причини за заглавувањето на бродот, бидејќи и други грешки, човечки или технички, исто така може да одиграле улога. Истрагата ќе ги открие сите овие фактори – изјави Осама Рабие на прес-конференција во Суец.

Рабие појасни дека денешните напори да се помести гигантот „Ever Given“ овозможиле да се придвижи крмата (заден дел) и кормилото, но останува нејасно кога бродот ќе може да плови.

Тој изјави дека Египет губи помеѓу 12 и 14 милиони долари на ден од блокирањето на каналот.

Во моментов, 321 брод чекаат да го преминат Суецкиот Канал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.