Најмалку пет лица загинаа и 20 се повредени, додека неколкумина се водат како исчезнати во денешната вулканска ерупција на Белиот остров на Нов Зеланд.

Од брзата помош известија дека 20 лица се повредени, додавајќи дека испратиле седум хеликоптери со лекари на островот.

Дваесет и три лица, најверојатно туристи од крузерот „Ovation of the Seas“, беа спасени од Белиот остров каде избувна вулканот, соопшти полицијата.

„Оvation of the Seas“ е крузер со 16 спратови што може да прими околу 5.000 патници и има 1.500 членови на екипажот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.