Најмалку пет фудбалери загинаа откако експлодира бомба поставена во автобусот со кој се превезувале до пристанишниот град Кисмајо, информира полицијата.

Потврдивме пет смртни случаи и повеќе од 12 повредени, истакнал претставникот на локалната полиција за Ројтерс.

Засега не е познато за кој фудбалски клуб играле загинатите фудбалери, додека пак медиумите брифираат дека се работи за локален клуб.

Засега никој не ја презема одговорноста за нападот, но на Твитер профилот на претседателот на Сомалија објавено е дека има сомнежи за напад поврзан со терористичката група Ал-Шабааб.

Инаку, Ал-Шабааб со години се бори за доминација во оваа земја во Африка. Терористичката група контролира големи делови на југот и центарот и постојано извршува напади врз цивили и безбедносни сили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.