Задржани петмина во Франција кои планирале напади врз полицијата за време на средбата на Г-7
Париз, 20 август 2019 (МИА) – Во Франција беа приведени четири мажи и една жена на возраст од 25 до 45 години под сомнение дека планирале напад врз хотел во кој ќе бидат сместени припадници на жандармеријата за време на средбата на врвот на Г-7 во југозападниот француски град Биариц.

Приведената жена го посочила на социјални мрежи хотелот што е резервиран од жандармеријата додека трае средбата.

Четворицата мажи се осомничени за повик да биде запален хотелот. Средбата на врвот на Г-7 во Биариц ќе се одржи од 24 до 26 август.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.