Во Пакистан вакцинацијата против Ковид-19 е веќе задолжителна за сите вработени во јавниот и приватниот сектор, чекор насочен кон имунизација на 70 милиони луѓе во земјата до крајот на годината.

Одлуката е донесена од Националниот оперативен центар – орган надлежен за одговор на пандемијата во државата.

Сите вработени во јавниот сектор ќе мора да бидат вакцинирани до 30 јуни – се вели во соопштението на Центарот, без да се утврди краен рок за приватниот сектор.

Пакистан, земја со 220 милиони жители, почна кампања за вакцинација во февруари, првично соочена со недоверба во јавноста и недоволно снабдување со вакцини, но од минатиот месец трае масовната имунизација.

Речиси 300.000 луѓе се појавуваат на вакцинација секој ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.