Советот на ЕУ одобри продолжување од шест месеци на санкциите против лица и ентитети што го загрозуваат територијалниот интегритет на Украина. 

Овие санкции прв пат беа воведени во март 2014, а со новата одлука се продолжуваат до 15 септември оваа година.

Санкциите се однесуваат на 177 лица и 48 ентитети кои според ЕУ се одговорни или инволвирани во конфликтот во Украина и преставуваат опасност за суверенитетот и територијалниот интегритет на државата.

Станува збор за забрани за патување, замрзнување на имот и забрана за тргување или ставање на располагање фондови за овие лица или ентитети.

ЕУ има и одвоени економски санкции поврзани за конфликтот во Украина со кои се таргетираат специфични области на руската економија. Овие санкции истекуваат на 31 јули годинава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.