Иранските власти го забранија шетањето кучиња на јавни места во главниот град Техеран, пренесува „Анадолија“.  Шефот на полицијата на Техеран, Хусеин Рахими, денес за иранската новинска агенција „Клуб на млади новинари“, изјави дека оние кои ја кршат забраната, ќе бидат казнети.

Нагласи дека шетањето на кучињата на јавни места, како што се парковите и другите јавни површини, предизвикува страв кај луѓето.

Сепак, Рахими рече дека превезувањето кучиња во возила нема да биде забрането.

Главниот обвинител на покраината неодамна ја донесе забраната во источното подрачје на Техеран, Лавасан, каде што жена беше нападната од куче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.