Полска оваа недела треба да најави ново правило, а тоа е дека секој странски државјанин пред да влезе во земјата ќе треба да приложи негативен тест на коронавирус, изјави денеска полскиот министер за здравство Адам Ниједијелски.

Патниците кои ќе покажат негативен тест на Ковид-19 нема да мора да заминат во карантин по влезот во Полска  – истакна Ниједијелски.

Тој додаде дека земјата е пред третиот бран на епидемијата, кој ќе го достигне врвот кон крајот на следниот месец или почетокот на април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.