За вооружените сили на Украина останал само еден пат што води до Артeмовск (Бахмут), додека останатите патишта се отсечени, соопшти вршителот на должноста лидер на Доњецката Народна Република (ДНР), Денис Пушилин.

Според него, во самиот град продолжуваат тешките борби, а вооружените сили на Украина продолжуваат да пружаат отпор и таму префрлаат дополнителни резерви и опрема.

Бахмут се наоѓа во делот на ДНР што е под контрола на Киев и е важен транспортен центар за снабдување на групацијата украински војници во Донбас.

Пушилин додадва дека состојбата е „блиску до оперативно опкружување“. Ден претходно беше објавено и дека руската војска ги зазела блиските населби Двуречје и Краснопољевка.

Во меѓувреме, украинската армија испраќа нови резерви во правец на Маринка, што го забавува нејзиното заземање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.