Во САД, првпат по 70 години, ќе биде егзекутирана жена, која е осудена на смрт на сојузно ниво, соопшти американското Министерство за правда.

Пресудата ќе биде извршена на 8 декември. Осудената Лиза Монтомери е прогласена за виновна поради свирепото убиство на бремена жена во 2004 година. Четириесет и тригодишната Монтгомери ја задави својата жртва Боби Џон Стинет (23) со јаже, и потоа со нож и го раскина стомакот за да го извади нејзиното бебе.

Егзекуцијата ќе биде извршена со смртоносна инјекција во американската сојузна држава Индијана.

Егзекутиран ќе биде и Брендон Бернард, кој во 1999 година, заедно со соучесници, уби двајца политичара.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.