Во рок од само пет дена централниот кинески град Вухан го заврши тестирањето на 11,28 милиони жители, што го спроведе поради зголемувањето на бројот на лица кои се заразија со Ковид-19, соопштија локалните власти.

-Тестирани се сите жители на Вухан, освен децата помлади од шест години и студентите кои се на летен одмор, изјави заменик секретарот на градската влада Ли Тао, пренесува „Ксинхуа“.

До саботата, во последниот бран од заразата, во Вухан беа регистрирани 37 локални пренесувања на коронавриусот, како и 41 асимптоматски случаи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.