Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека во текот на идната недела, најверојатно четврток, ќе почне да се дистрибуира новата вакцина против Ковид 19 низ Соединиетите Американски Држави, пренесува Ројтерс.

Трамп ова го изјави во видео конференциска врска со американски војници во странските мисии.

Вакцината прво ќе биде достапна за најизложените и и најризичните групи, како што се медицински работници, војници и полиција, а потоа и за хронично болните, повозрасните и другите категории граѓани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.