За Меланија Трамп се зборува најгласно и кога е отсутна. Едноставно, зад неа секогаш се крева прашина, па дури и откако стана поранешна прва дама на САД.
Поранешната прва дама и нејзиниот сопруг одлетаа од Вашингтон за Флорида, а веднаш по слетувањето таа, поради нејзиниот потег, стана хит на Твитер.
Имено, Доналд Трамп застанал по излегувањето од авионот, им позирал на фотографите и ги поздравил новинарите, а Меланија само продолжила.
На Твитер се појавија бројни шеги, но и шпекулации дека Трамп веќе добил барање за развод во авионот.
„Официјално заврши“, „Словенката повеќе не е** жива сила“, „Можете да видите дека и е доста од сè“, се само некои од смешните коментари на Твитер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.