Ставот на Германија – актуелен претседавач со Европската унија, но и ставот на другите
членки на Унијата, е дека билатералните проблеми не треба да се ставаат како дел од
преговарачката рамка, порачува германската амбасадорка во земјава – Анке Холштајн, во
интервју за „Радио Слободна Европа“, прашана за бугарскиот меморандум, во кој официјална
Софија тврди дека македонскиот јазик и идентитет се вештачка и нова творба. Според
амбасадорката, тие проблеми треба да се решаваат билатерално:

Бугарија ги има кажано овие барања на другите земји членки на почетокот на август. Ние и, според моите сознанија, сите други земји членки, се на мислење дека билатерални проблеми не треба да се ставаат во преговарачката рамка и дека билатералните проблеми треба да се решаваат билатерално. Бугарија секогаш беше голем поддржувач на европското придвижување на регионот, вклучувајќи ја и Македонија. Во суштински интерес на Бугарија е да не се блокира процесот за проширување на Европската Унија во овој регион – вели Холштајн.

Амбасадорката изрази надеж дека земјите членки ќе постигнат договор за преговарачката
рамка и дека одржувањето на првата меѓувладина седница ќе се случи во декември. Официјалниот старт на разговорите за проширување со Македонија, покрај за земјава, е голема цел и за Германија, додаде таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.