Цело шведско семејство загина во падот на украинскиот авион во Техеран.

Рахела (37) и Микаел (40) Линденбергс, со синовите Ерик (9) и Емил (7) загинаа во “Боингот 737“ кој се урна веднаш по полетувањето кон Киев од аеродромот во Техеран, пренесува Мирор.

За еден момент избришано е цело едно семејство, а нивните деца се меѓу 15 настрадани малолетници.

Во авионот имало 167 патници и девет членови на екипажот. Во несреќата загинаа 82 Иранци и 63 Канаѓани, како и граѓани на Украина, Шведска, Авганистан, Германија и Велика Британија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.