Околу 500.000 луѓе примија вакцина против Kовид денес во Англија, покажуваат најновите податоци.

Вкупно 8.251.146 вакцини биле инјектирани во Британците во периодот од 8 декември до 30 јануари, покажаа податоците на Националниот институт за јавно здравје, објави Скај Њуз.

Од вакцинираните, 549.943 ги примиле и двете дози вакцина Фајзер.

Министерот за вакцинација Надим Захави на Твитер напиша дека ова е нов рекорд.

Го срушивме рекордот за еден ден. Браво за нашите тимови. Браво за здравствените работници, војниците и армијата на волонтери. Ќе успееме, рече Захави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.