Во последните 24 часа во светот се регистрирани околу 214.000 нови случаи на Ковид-19. Со тоа, вкупниот број на луѓе заразени со корона вирусот се искачи на 20,16 милиони.

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), досега од Ковид-19 починале 737.417 луѓе во светот, од кои 4.835 само во последните 24 часа.

Најголем број потврдени случаи и понатаму се во Северна и Јужна Америка, 10,7 милиони, од кои 101.230 се ново заразени во последните 24 часа.

Досега се потврдени 3,6 милиони и 217.716 смртни случаи во Европа, а 2,7 милиони заразени и 55.564 смртни случаи во Југоисточна Азија.

Соединетите држави сè уште водат по бројот на потврдени случаи на Ковид-19, повеќе од пет милиони, а потоа следува Бразил со три милиони заразени, Индија со 2,3 милиони, Русија со 902.701, Јужна Африка со 566.109, Мексико со 485.836, Перу со 483.133, Колумбија со 397.623, Чиле со 376.616 и Иран со 331.196 пациенти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.