Американскиот претседател, Доналд Трамп уште еднаш побара ѕидот што се гради на мексиканско-американската граница да биде обоен црно, иако повеќето владини претставници го убедуваат да се откаже од идејата затоа што се работи за премногу скап и непотребен проект.

„Вашингтон пост“ пишува дека само фарбањето на ѕидот би чинело 500 милиони долари. Трамп инсистира на тоа, бидејќи е уверен оти поради црната боја челичниот ѕид ќе биде премногуи жежок во летните месеци, па луѓето нема да може да се прекачуваат преку него.

Трамп вети ѕид на границата со Мексико, за спречување на илегалните мигранти уште пред да стане претседател. Тој тогаш тврдеше дека Мексико ќе плати за неговата изградба, но тоа ќе го сторат американските даночни обврзници. Ѕидот треба да биде долг повеќе од 800 километри.

Во моментов очекувањата се дека изградбата ќе биде завршена во 2021 година, како дел од предизборните ветувања за втор претседателски мандат во ноември, но за нешто такво, брзината на изградба на ѕидот треба да се удвои во наредните месеци.

Неколку американски експерти веќе рекоа дека боењето на ѕидот нема никаква смисла и дека тоа е непотребен трошок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.