Властите во Унгарија ги заоструваат рестрикциите во обид да го намалат рапидното зголемување на смртни случаи и хоспитализации предизвикани од коронавирусот.

Сите дуќани, освен продавниците за прехранбени продукти, аптеките и бензинските пумпи ќе бидат затворени од 8 до 22 март. Градинките и основните училишта исто така ќе бидат затворени до 7 април. Спортските настани можат да се одржуваат само без гледачи, а компаниите се повикуваат доколку е возможно да им дозволат на вработените да работат од дома .

Сега мора да се затвориме за да можеме повторно да се отвориме за Велигден, изјави Орбан за државното радио МР1.

Одлуката доаѓа третиот бран на пандемијата зема замав низ Унгарија со нови дневни случаи и хоспитализации набрзина приближувајќи се на нивните претходни врвови во декември. Во четвртокот, една година од денот кога се потврди привиот случај на КОВИД-19 во Унгарија, беа регистрирани 6.278 нови случаи и 152 смртни случаи, најсмртоносниот ден од 23 декември.

Указите се потпишани. Следните две недели ќе бидат тешки. Заедно повторно ќе успееме, напиша Орбан на “Фејсбук“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.