Беше епицентарот на пандемијата на коронавирус и беше првиот регион во светот во кој беше воведен карантин, веројатно најстрогиот.

Сега, се чини дека централниот кинески град Вухан го преброди вирусот, бидејќи илјадници жители се собраа во воден парк за голем фестивал на електронска музика – без никакви маски или мерки на социјално дистанцирање.

Ова е сосема спротивна слика од ситуацијата во Вухан во јануари, кога тој стана град на духови, откако 11-те милиони жители беа ставени во досега невиден карантин и тоа во периодот кога имало само 400 заразени и 17 починати од ковид-19. Само една недела порано, Кина потврди дека коронавирусот се пренесува од човек на човек.

Рестриктивните мерки во Вухан почнаа да попуштаат во март, а карантинот беше целосно укинат на 8 април. Откако на 12 мај биле регистрирани шест нови случаи на зараза, градските власти ги тестираа сите 11 милиони жители и повторно го ставија ширењето под контрола.

Животот во Вухан денес целосно е вратен во нормала, а случај на локално пренесување на вирусот не е забележан од средина на мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.