Вториот карантин, што во Австрија стапи во сила од вторникот и ќе важи до крајот на месецот, негативно влијае врз австриската економија, а падот на бруто домашниот производ ќе биде поголем од предвиденото.

Виенскиот економски институт „Вифо (Wifo) истакнува дека екононмскиот раст во Австрија годинава ќе падне за 7,7 отсто, наместо прогнозираниот пад од 6,8 проценти.

Според „Вифо“, Австрија следната година ќе има раст на БДП од 2,8 наместо прогнозираните 4,4 отсто.

Дури 0,6 проценти од падот на БДП годинава е предизвикан од ограничувањата наметнати во хотелиерството и гастромијата, а остатокот се должи на намалената потрошувачка во другите области.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.