Авганистанските безбедносни сили го убиле Абу Мухсин ал-Масри, еден од водачите на Ал Каеда, кој се наоѓа на списокот на најбарани терористи на ФБИ.

Како што објави Дирекцијата за национална безбедност на Авганистан, Ал-Масри, кој е втор во рангот на командата на Ал Каеда, е убиен во специјална операција во провинцијата Газни.

Ал-Масри е обвинет во САД за обезбедување материјална поддршка и ресурси за странска терористичка организација и за планирање убиство на американски граѓани.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.