Лидерот на Исламската држава Абу Бакр ал Багдади беше убоен викендов, а покрај него биле убиени и две жени кои носеле елеци со експлозив и три деца.

За виената операција во која е убиен првиот човек на ИСИС 0мериканскиот претседател Доналд Трамп рече дека е позначајна од убиството на Осама бин Ладен во 2011 година.

Пред две години, поранешната сопруга на најбараниот човек на светот – шефот на ДАЕШ – Сага ел Дулаими во интервју за шведска телевизија изјавила дека кога се омажила за Ал Багдади, се омажила за нормален човек, професор на Универзитет, и дека не знае како завршил како главен на терористичката група.

Се омажив за нормален човек, универзитетски професор, предаваше религија и шеријат. Во тоа време се викаше Хишам Мухамед, вели Сага ел Дулаими, поранешна сопруга на лидерот на ИСИС во интервју за шведската телевизија „Експресен“.

Тоа било прво нејзино интервју откако била пуштена од либанскиот затвор во 2015 година.

Сага пораснала во конзервативно богато семејство во Багдад. Пред да го сретне човекот кој станал познат како Абу Бакр ал Багдади, веќе еднаш била омажена и од тој брак има близнаци.

Нејзиниот прв сопруг му бил телохранител на Садам Хусеин и убиен е борејќи против американските трупи во Ирак само една година по венчавката.

Во Ирак и во муслиманските заедници е дозволено оженети мажи да оженат вдовици за да можат да се грижат за нивните деца. Тие веруваат дека тоа е добро дело за кое ќе бидат наградени по смртта. На овој начин Сага се омажила со Багдади.

Не забележав дека на кој било начин е активист. Се преселивме во неговиот дом, во станот живеевме многумина и беше тешко: јас и тој, моите деца, неговата прва сопруга и нејзините деца. 

Хишам Мухамед не ѝ кажал на првата сопруга дека сака да се ожени по втор пат. Сага вели дека сака да ја заборави првата средба со првата сопруга на Багдади.

Тој не зборуваше многу за своето минато. Беше таинствен, со него не можеше нормално да се разговара. Се среќававме навечер, а тогаш вечеравме сите заедно, тој даваше наредби и толку. По цели денови беше на универзитетот, понекогаш го немаше по неколку дена. Не бев вљубена во него, не го сакав. 

Го оставила по само три месеци брак без да знае дека е бремена. Нивната заедничка ќерка Хогар сега има 11 години.

Таа ја понесе сета тежина. Не е таа виновна што е ќерка на најбараниот терорист во светот.

По сите нејзини проблеми во Ирак и Сирија, Сага вели дека сака да живее во Европа, а не во арапските земји.

Јас се омажив за него во 2008 година, а сега сме разведени. Јас го оставив. Низ многу сум минала, сум била и во затвор. Да сакав да живеам со Ал Багдади, можев да живеам како принцеза. Не сама пари, сакам слобода.

Сага повторно се омажила и добила уште еден син, свое четврто дете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.