Вселенскиот патријарх Вартоломеј е примен в болница за „медицинско набљудување“ во Вашингтон.

Вартоломеј се почуствувал лошо, непосредно пред да замине на служба во катедралата „Света Софија“. Најверојатна причина за состојбата на патријархот е долгиот лет и напорниот распоред на настани кои следеле по неговото пристигнување во САД, што е негова прва посета од 2009 година.

Неговиот лекар го советувал да се одмори, а од превентивни причини бил пренесен во Универзитетската болница „Џорџ Вашингтон“.

Вселенскиот патријарх пристигна во Вашингтон синоќа и беше срдечно пречекан од членовите на грчко-американската заедница и црковни претставници. Неговиот авион слета во воздухопловната база „Ендрјус“.

Предвидено е Вартоломеј да се сретне со претседателот на САД, Џо Бајден, државниот секретар Ентони Блинкен и претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.