Британката која се приклучи на терористичката организација „Исламска држава” во Сирија, додека беше на средношколска возраст, не смее да се врати во Велика Британија за да ја оспори одлуката на Владата за одземање на државјанството поради безбедносни ризици, соопшти највисокиот британски суд.

Шамима Бегум, по потекло од Бангладеш, го напушти Лондон во 2015 година кога имала 15 години и отпатувала во Сирија преку Турција со двајца пријатели од училиште. Во Сирија се омажи за борец на ИД и живееше во Рака, главниот град на самопрогласениот џихадистички калифат.

Британскиот министер за внатрешни работи и го одзеде државјанството во јули, но Апелацискиот суд едногласно донесе одлука дека Бегум, која сега има 21 година, има право на жалба на одлуката доколку и биде дозволено да се врати во Велика Британија.

Адвокатот на британската влада Џејмс Еди пред Врховниот суд изјави дека разузнавачките агенции заклучиле дека оние кои соработувале со ИД се сериозна закана за националната безбедност што оправдува лишување од државјанство.

Шамима Бегум која сега има 21 година, беше една од трите тинејџерки од источен Лондон кои во 2015-та година заминаа за Сирија да ѝ се приклучат на Исламската држава. Таа се омажила за припадник на џихадистите од Холандија и имале три деца, кои сега сите се починати.

Таа во 2019-та година се појави во бегалски камп и порача дека сака да се врати во Велика Британија, но засега тоа е невозможно затоа што во меѓувреме ѝ беше одземено државјанството. Британските власти тогаш порачаа дека сега може да се врати во Бангладеш од каде што потекнува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.