На саботниот протест на „Жолтите елеци“ пред Народното собрание во Париз на еден демонстрант му е откината десната рака и пожарникарите итно го префрлија во болница.
Евакуиран е со десната подлактица во дебели завои и причината за така тешката повреда засега официјално не е соопштена, но се шпекулира дека граната ГЛИ-Ф4 му ја повредила раката. Еден од сведоците тврди дека настрадал од граната која полицијата ја користи за сузбивање на нередите и со кои се обидела да го спречи пробивањето на демонстрантите кон Народното собрание.
Жртвата е фоторепортер и припадник на Жолтите елеци кој ги снимал демонстрантите“, рече Сипријен Ројер.
Полицијата фрли граната и фотографот ја прекри со раката за да не му експлодира на нога. Го наместивме на страна и повикавме итна помош, не изгледаше добро. Врескаше од болка, повеќе немаше прсти и поголем дел од рачниот зглоб“, додаде тој.
Полицијата употреби пендреци и бибер – спреј против „Жолтите елеци“. Во еден момент полицајците ги опколија демонстрантите.
Повредениот маж итно е префрлен во болиниа. Гранатата со солзавец ГЛИ-Ф4 содржи експлозивно полнење од 25 грама ТНТ. Француската полиција ја користи од 2011 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.