Колумбија го собори сопствениот рекорд во уништување на реколтата од растението Еритроксилон Кока втора година по ред, соопшти Владата, иако земјата сè уште останува водечки светски производител на кокаин.

– Постигнавме највисоко ниво на рачна ликвидација на растението Еритроксилон Кока што некогаш е регистрирана од Колумбија: 130.000 хектари, изјави за медиумите претседателот на Колумбија, Иван Дуке. Станува збор за површина со приближна големина на Лос Анџелес и го надминува најновиот рекорд, поставен во 2019 година, кога владата уништи 94.000 хектари со Еритроксилон Кока – главната состојка на кокаинот.

Во 2019 година Колумбија произведе 1.137 тони кокаин, што е нешто повеќе од претходната година, соопштија ОН. Се уште нема податоци за 2020 година.

Дуке се пофали дека во 2020 година неговата земја поставила други „историски рекорди“: запленети се 498 тони кокаин, а уништени се 5.447 лаборатории.

Од преземањето на должноста во август 2018 година, конзервативната влада на Дуке постави приоритет во борбата против трговијата со дрога и започна план што треба двојно да ја намали површината за одгледување на растението Еритроксилон Кока во периодот меѓу 2022 и 2023 година

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.