Еден од вработените во Бекингамската палата заврши со казна затвор од осум месеци откако украл десетина медали, потпишани фотографии и останати вредни предмети од лондонскиот дворец во кој живее британската кралица.

Уапсениот 37-годишен работник ја признал кражбата, пренесе новинската агенција „Press Association“.

Полицијата во неговиот стан во палатата во текот на претресот открила „поголем број“ на украдени предмети.

Дел од украдените предмети тој ги продавал под нивната реална вредноста на „eBay“, а меѓу нив биле и две многу вредни медали и фото албум со фотографии направени за време на свечниот пречек во палатата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Мажот во палатата работел како еден од членовите на слугите од 2015 година.

„Press Association“ пишува дека експертите и познавателите на вредноста на украдените предмети велат дека штетата е проценета на меѓу 10.000 и 100.000 фунти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.