Возач на камионот во кој утринава беа пронајдени 39 мртви тела во Есекс, Велика Британија е Мо Робинсон кој има 25 години. Тој е од Портадуан, Северна Ирска и е уапсен под сомнение дека сторил кривичното дело убиство.

Полицијата во приколката од каминот со кој управувал Робинсон пронајде 39 мртви тела, а меѓу нив имало и тело на еден тинејџер.

Сè уште не е познат идентитетот на безживотните тела, британската полиција веќе почна со идентификација.

Камионот со 39 мртви тела е пронајден во Есекс. Возилото е регистрирано во Бугарија.

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, изјави дека камионот бил регистриран во Бугарија во 2017 и од тогаш возилото не било во државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.