Mинистрите за надворешни работи на ЕУ денеска постигнаа „политички договор“ за воведување санкции кон одговорните за затворањето на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални и репресиите против неговите приврзаници.

Како што соопштуваат европски дипломати, на состанокот во Брисел, министрите побарале од шефот на дипломатијата на ЕУ,  Жозеп Борел, да го финализира списокот со имињата на оние кои ќе бидат засегнати, но во него нема да бидат вклучени олигарси, пренесуваат странските агенции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.