Американската тајна служба соопшти дека во близина на резиденцијаta на потпретседателката Камала Хeрис е уапсен маж од Сан Антонио, кој бил пронајден со опасно оружје.

Во неговото возило пронајдени сe пушка и муниција, се вели во соопштението на полицијата.

Полицискиот извештај до кој дошол „Си-Ен-Ен“ покажува дека 31-годишниот Пол Мареј поседувал полу-автоматска пушка АР-15, 113 куршуми нерегистрирана муниција и пет шаржери за брзострелно оружје.

Потпретседателката Хeрис во моментот не живее во резиденцијата, бидејќи во тек е реновирање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.