Едно лице се заканува дека ќе го разнесе мостот во Киев, каде што се наоѓа метро станицата.

Тој почна да пука  изјави началникот на киевската полиција, Андреј Кришченко.

На местото на настанот се спроведува специјална операција.

Полицијата овој случај го квалификува како подготовка за терористички напад.

Непознат маж пука и се заканува со експлозија. Водиме специјална полициска акција. Сега таму се наоѓаат претставници на сите служби. Стопирано е движењето на автомобили и возови на мостот – се наведува во изјавата на началникот.

Напаѓачот се заканува дека ќе разнесе и државни институции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.