Етиопските воени воздушни напади врз главниот град на Тиграј ги принудија Обединетите нации да го прекинат слетувањето на хуманитарен авион во Мекел.

Портпаролот на етиописката влада, Легесе Тулу изјави дека властите се свесни дека бил планиран лет на ОН во таа област, но соопшти дека летовите на ОН и воените авиони имаат различни времиња и насоки.

Засега не е познато колку етиописките воени авиони се приближиле до авионот на Обединетите нации.

Легесе изјави дека воздушните напади врз градот Мекел биле насочени кон поранешен воен центар за обука што сега го користат силите на Тиграј.

Владата на Етиопија обвини некои хуманитарни групи во последните месеци дека ги поддржуваат силите на Тиграј и протера седум претставници на ОН минатиот месец, обвинувајќи ги без докази за лажно преувеличување на размерите на кризата во Тиграј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.