Водачот на екстремната расистичка организација Кју-Клукс Клан во американската држава Мисури бил убиен од неговата сопруга.

Мелиса Анкона призна дека пред две години го убила својот сопруг Франк и доби доживотна казна затвор. Таа го убила сопругот и неговото тело го фрлила во река. Потоа отишла во полиција и пријавила дека е исчезнат, а на Фејсбук јавно го повикала да се врати, за на крај да тврди дека го убил неговито син Пол Џинкерсон.

Сепак, во петокот, пред судот во Фермингтон призна дека го убила сопругот. Како можен мотив за убиството е тоа што Френк побарал развод од сопругата. Тој во Кју-Клукс Кланот имал должност на ,,империјален волшебник “ во подорганизацијата позната под името Традиционални американски витези.

Франк имал 51 години, а Мелиса има 47 години.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.