Џефри Епштај, милионер и финансиер обвинет за сексуално искористување на малолетници се самоубил во затвор , пренесува НБЦ Њуз.

Американскиот милијардер беше обвинет за трговија со луѓе за сексуални услуги и по апесењето беше во затвор од 6 јули .

Американскиот милијардер и регистрирани сексуален предатор, Џефри Епштајн (66) беше уапсен на аеродром под обвинение за трговија со луѓе за сексуални услуги.

Епштајн се самоубил во затворската ќелија во рамките на Федералниот затвор на Менхетн, каде го чекал судењето за трговија со луѓе за сексуални услуги.

Инаку за време на процесот тој секогаш се изјаснувал како невин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.