Пандемијата на корона-вирусот силно ја погоди Германија каде што во вториот квартал од оваа година се бележи најголем пад на вработеноста од обединувањето на двете Германии.

Според германскиот завод за статистика, во вториот квартал во Германија биле вработени околу 44,7 милиони луѓе. Споредено со првиот квартал, вработеноста паднала за 618.000 работни места или 1,4 проценти.

Што е ушто полошо за Германците, очекувањата се дека лошата состојба кризата да трае. Компаниите очекуваат мерките за ограничувања во јавниот живот, воведени поради епидемијата на корона вирусот, кои го попречуваат производството, транспортот и набавката на производи, да бидат продолжени најмалку уште осум месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.