Со незапирливата инфлација и постојаното зголемување на цените, особено на храната, Американците сѐ повеќе се свртуваат кон Мекдоналдс.

Како што анализира „Си-ен-ен“, светски познатиот ланец на сендвичи, што во САД пред пандемијата беше главно користен од луѓето со ниски примања, сега станува задолжителна локација и за средната класа.

Посетите на луѓето со ниски примања се зголемуваат, изјавиле од Мекдоналдс.

Но, истовремено, дпсегашните посетители на други ресторани сѐ почесто избираат да одат во Мекдоналдс поради пониските цени и побавното зголемување на цените во неговите ресторани. Според американското Биро за трудова статистика, во текот на годината до септември, цените на намирниците во продавниците се зголемиле за 13 отсто, додека цените во рестораните за истиот период пораснале за 8.5 отсто.

Мекдоналдс, исто така, користи и маркетиншки трикови да привлече повеќе посетители како воведување на „хепи мил“ (happy meal) за возрасни во кои е вклучен сендвичот со ребренца.

Во текот на времето, Мекдоналд се покажал како бренд отпорен на економски кризи, па компанијата коментира дека се предвидени слични сценарија и во сегашната криза, како и дека очекува „мала до средна рецесија во САД“, како базичен случај.

Мекдоналдс е успешен во секаква бизнис атмосфера, велат од компанијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.