Еден ден откако австриската влада одлучи да воведе карантин за сите граѓани и задолжителна вакцинација од 1 февруари, противниците на ковид-мерките организираа протести во центарот на Виена.

Илјадници луѓе се собраа во центарот на градот, на неколку локации, а најголемиот собир беше на плоштадот Хелденплац, каде на протест повика австриската Партија на слободата (ФПО).

Меѓу насобраните беше и еден од првите „антиваксери“, Мартин Рутер, кој рече дека мерките веќе немаат никаква врска со демократијата и дека нема да се дозволи наметнување вакцина.

Собирот го обезбедуваат 1.300 виенски полицајци, кои го контролираат носењето маски, бидејќи учесниците, според важечките епидемиолошки мерки, треба да носат ФФП2 маски.

Во пресрет на собирите, полицијата предупреди на можно учество на екстремни десничари, што веќе се случи на претходните протести во првата половина од годината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.