Министерството за одбрана на Русија соопшти дека во Украина, на страната на властите во Киев, се борат околу 7.000 странски платеници од 64 земји, а меѓу нив има и пет австриски државјани.

Од петтемина Австријци, двајца загинале во борбите, двајца се уште се на линијата на фронтот, а еден ја напуштил Украина, тврдат руските власти.

Ние немаме такви податоци. На почетокот на војната имаше неколку анонимни истраги за можноста за учество на австриски државјани во војната – изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Австрија, Габриела Јуен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.