За денеска е договорено отворање 9 хуманитарни коридори, соопшти вицепремиерката на Украина, Ирина Верешчук.

Оние што сакаат да се евакуираат од градовите Мариупол, Бердјанск, Токмак и Енерходар во Запорожје тоа може да го сторат со автомобил, рече Верешчук на апликацијата „Телеграм“.

Хуманитарните коридори во регионот на Луганск зависат од тоа дали руските сили ќе престанат со гранатирањето, додаде таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.