Во Турција започна судењето во кое во отсуство ќе и се суди на група од 20 државјани на Саудиска Арабија осомничени за убиството на саудискиот новинар Џамаил Кашоги. Меѓу обвинетите се и двајца поранешни помошници на моќниот саудиски престолонаследник, принцот Мухамед бил Салман, јавува СиЕнЕн.

Турските обвинители го обвинуваат поранешниот заменик на шефот на саудиската разузнавачка служба, Ахмед ел Асирија, и советникот за медиуми на кралскиот суд, Сауд ел Катанија, дека раководеле со операцијата и давале инструкции.

Останатите 18 лица се обвинети дека го задушиле Кашоги, чие тело не е пронајдено. Турски официјални лица велат дека неговото тело е распарчено и однесено на непознато место.

Убиениот новинар, кој имаше прибежиште во Америка, влегол во конзулатот на Саудиска Арабија во Турција за да добие документи за неговата престојна венчавка.

Саудиските власти во почетокот негираа било каква поврзаност во случајот, но подоцна го оквалификуваа како „одметничка операција“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.