Бројот на новоинфицирани со коронавирусот во Турција се искачи на над 10.000 денеска за првпат од средината на мај, достигнувајќи 11.094, додека 60 лица починаа, соопшти Министерството за здравство.

Ако сакате утре да биде подобро од денес, држете се до мерките. Вакцинирајте се, напиша министерот за здравство Фахретин Коџа на Твитер, објавувајќи ги податоците.

Бројот на новоинфицирани се намали на 4.418 на 4 јули за време на строгите ограничувачки мерки што беа укинати во средината на мај. Последните ограничувања што беа на сила беа укинати во јули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.