Во 184 земји во светот се аплицирани повеќе од 5,95 милијарди дози на вакцини против Ковид-19, но процесот на вакцинација продолжува со нерамномерно темпо низ целиот свет, објави „Блумберг“ кој се повикуваат на сопствени анализи.

Вкупно се дадени повеќе од 5,95 милијарди дози. Тоа е доволно за целосно вакцинирање на 38,7 проценти од светската популација. Просечната стапка на вакцинација во моментов е 33,1 милиони дози дневно. Ако тој тренд продолжи, ќе бидат потребни уште шест месеци за вакцинација на 75 проценти од населението – наведува медиумот.

Во земјите и регионите каде што луѓето имаат високи примања, вакцинацијата е 20 пати побрза отколку во регионите со ниски примања.

„Блумберг“ проценува дека 386 милиони дози се аплилцирани во САД. Во Шпанија целосно е вакцинирано 77 проценти од населението, во Франција – 72,7 проценти, во Италија – 67,9 проценти, во Велика Британија – 66,5 проценти, во Германија – 63 проценти, во Израел – 61,6 проценти.

Во исто време, во Демократска Република Конго и Јемен, целосно вакцинирани се помалку од 0,1 отсто, во Чад и Јужен Судан – 0,1 отсто, во Бенин и Хаити – 0,2 отсто. Во Русија, аплицирани се 87,8 милиони дози, а 27,6 проценти од населението е целосно вакцинирано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.