Седум луѓе загинаа при судар на хеликоптер и мал авион на шпанскиот остров Мајорка, а меѓу нив е и четиричлено семејство, родители и две деца, од кои едното бебе.

Регионалната влада на Балеарските Острови, на кои припаѓа и Мајорка, објави дека несреќата се случила во 13.35 часот по локално време.

Ма самото место се наоѓаат итните служби, а според пишувањето на локалните медиуми авионот паднал врз земјоделско земјиште.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.