Најмалку 31 лице загина во Нигерија во стампедо пред црква за време на дистрибуција на храна, соопшти полицијата.

Тоа се случи на југот на Нигерија, во градот Порт Харкорт, каде црква организираше дистрибуција на храна на спортски терен.

Во изминатите години, во Нигерија имаше неколку смртни случаи при дистрибуција на храна. Во 2021 година, во таква прилика, до смрт беа прегазени седум жени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.