Во словенечкото место Моравче кое се наоѓа во близината на Љубљана беше запалена и изгоре осум метри високата дрвена скулптура на американскиот претседател Донал Трамп, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Како што објави локалната противпожарна служба, нешто пред седум часот утрово добиле повик дека дрвена скулптура на словенечкиот зет, претседателот на САД, Трамп, е запалена и гори во центарот на малото гратче.

Градоначалникот на Моравче Милан Балазиќ изрази жалење за уништувањето на скулптурата за која локалните власти веруваа дека ќе донесе многу туристи во општината. Според авторот на уметничкото дело Томаж Шчлегл, се работи за обична провокација.

Обид за палење на скулптурата на Трамп имаше и пред два дена, но тогаш пироманите не успеаја во својата намера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.